Остварена средбата меѓу Беџети и претставникот на УНИЦЕФ Десмулан

 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска оствари средба со претставникот на УНИЦЕФ Бертран Десмулан, прва по неговото поставување за претставник на оваа организација на ОН во Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата министерот Беџети го запозна Десмулан со активностите на Министерството кои се насочени кон унапредување на малолетничката правда и, воедно, се заблагодари за несебичната помош на меѓународните институции во таа област.

Министерот за правда, исто така, истакна дека со Законот за правда за деца се уредува постапувањето со децата во ризик и децата сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци, се определуваат условите за примена на мерки на помош, грижа и заштита, на воспитни и алтернативни мерки и за казнување на децата и по младите полнолетни лица, положбата, улогата и надлежноста на органите што учествуваат во постапувањето со децата.

Министерот Беџхети истакна дека е во тек започнување со изградбата на Воспитно-попрваниот дом Брвеница, кај Тетово со тоа што се поминати техничките процедури кои гарантираат дека домот ќе биде изграден според најсовремени светски стандарди.

Десмулан изрази задоволство, особено од работата на Академијата за обука на судии и обвинители и рече дека во континуитет ќе ги следи сите активности на Министерството кои се однесуваат на унапредувањето на малолетничката правда, се наведува во соопштението. 

26.02.2014 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега