Коха диторе: Косовската Влада ќе го зголеми бројот на жителите во северниот дел на земјата
Како што пишува приштинскиот весник „Коха диторе“ , косовската Влада со две одлуки го зголеми бројот на населението во северните општини на Косово, со цел да се зголеми бројот на советничките мандати и грантови за овие општини.
Одлуката на косовскиот премиер Хашим Тачи од 14 февруари предвидува зголемување на бројот на населението во северниот дел на Косово, а имајќи го предвид овој факт тој одобрил дополнителен буџет поради промена на бројот на жителите за општините Лепосавиќ, северниот дел на Косовска Митровица, Зубин Поток и Звечан.
Владата, исто така, и наложи на Статистичката агеница на Косово во соработка со избраните општински органи да работи на попис на населението, додека од Централната изборна комисија е побарано да го зголеми бројот на жителите во општините, конкретно во Зубин Поток и Звечан, со цел од 15 советници да имаат 19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа