Георгиjадис тврди дека ширењето на грипот е поради одбивањето на Грците да се вакцинираат

 

Адонис Георгиjадис, грчкиот министер за здравство смета дека ширењето на вирусот на грип во земјата, од кој досега починаа 62 лица, се должи на тоа што Грците одбиваат да се вакцинираат. 

Тој ги демантира тврдењата кои кружеа изминативе денови, дека има недостиг на вакцини, потврдувајќи дека нив ги има доволно и објасни дека се уште не се вакцинирани ниту половина од три милиони Грци, кои требале да го направат тоа од октомври досега.

 

- Токму поради тоа што не сакаат да се вакцинираат, се добива впечаток дека нема доволно вакцини, а компаниите ги чуваат лековите во магацини, истакна Георгиадис, потенцирајќи дека нема место за паника. 

26.02.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега