Македонски Телеком со нови цени од 1. март - еве колку ќе ве чини зборувањето на фиксен

 

Македонски Телеком ги намали цените за национални повици кон сите фиксни оператори.

Корисниците, како што соопшти прес-службата на компанијата, ќе плаќаат 70 отсто пониски цени кон фиксните оператори и 30 проценти кон мобилните.

- Македонски Телеком од 1 март ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори. Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во ефтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во ефтина тарифа. Цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици, стои во соопштението.

Намалувањето на цените е овозможено со инвестицијата на Македонски Телеком во новата платформа базирана на интернет протокол на која беа мигрирани сите корисници. 

26.02.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега