Остварена средба меѓу Беџети и Мандиќ
Денеска министерот Блерим Беџети оствари средба со амбасадорот Бранимир Мандиќ, директор на Регионалниот центар за контрола на вооружувањето (РАЦВИАЦ).
Беџети на средбата информирал за активностите што Mинистерството ги има преземено во областа на сузбивање на корупцијата за што е и надградена воспоставената правна и институционална рамка во функција на успешна борбата против корупцијата.
Амбасадорот Мандиќ го информирал министерот за активностите кои се дел од годишниот план на Центарот, со акцент на можностите за реализирање на настани во Република Македонија, и тоа во областа на градењето интегритет и спречувањето на корупцијата.
Како што информираат од кабинетот на Беџети, на средбата била прифатена заложбата за јакнење и унапредување на натамошната регионална соработка и подршката за натамошните активности.
Беџети посочил дека регионалното поврзување преку иницијативите како РАЦВИАЦ, значаен елемент за креирање на клима на доверба, почитување, пријателство и поддршка помеѓу земјите од регионот.
Центарот за безбедносна соработка – РАЦВИАЦ со седиште во Загреб, Република Хрватска е основан во 2000 година со цел да промовира мерки за градење на безбедноста и проширување на соработката во регионот на Југоисточна Европа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа