Декани и професори застанаа зад Иванов- ова се новите поддржувачи на претседателот
Професор др Зоран Панов декан на технички факултет во Штип, професор др Билјана Ангелова директор на Економски институт пре УКИМ, професор др Благоја Наневски професор по економија во пензија, професор др Југослав Зибровски земјоделски факултет, професор др. Александар Дејановски, професор Др Оливер Андонов, професор Симов Орце и професор др БИлјана Апосотоловска. Ова се најновите имиња потпишани на иницијативата за реизбор на дсегашниот шеф на државатга Ѓорге Иванов, дознава Пресс24.
Претходно зад Иванов застанаа видни лекари, партиски функционери, експерти од различни области и јавни личности.
Меѓу потписниците на иницијативата од денеска се и имињата на директорот на центарот за комуникации и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, поранешниот геренален секретар на најголемата политчка партија, Борис Земјковски. Тука се и имињата на Владо и Дијана Трнталовски, кои се едни од основачите на партијата. На списокот поддржувачи на Иванов е и името на актулениот министер за образование Спиро Ристовски, пратеникот Трајче Димковски од Штип, потпретседателката на Собранието Светлана Јакимовска како и претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Зоран Илијоски.
Вчера Иванов ја доби поддршката и на вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески како и на видни членови на Извршниот комитет на партијата.
Иванов за половина час ќе треба да ја соопшти одлуката дали ќе ја прифати кандидатурата за учество на конвенцијата и речи си извесна шанса за нов мандат на изборите во април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа