Над 500 деца во Гази Баба имаат симптоми на сколиоза
Спроведеното анкетирање на родителите во Гази Баба, за свесноста, застапеноста и знаењето за сколиозата кај децата на возраст од 7 до 14 години, покажало дека кај 547 деца во училиштата во општината се присутни сите или некои од симптомите на сколиозата, а над 1.000 испитаници одговориле дека познаваат некој што страда од сколиоза.
Резултатите покажале дека ваквата состојба е резултат на нередовните или ретките ортопедски прегледи, но, и нередовната физичка активност на децата.
25.02.2014 - 09:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа