Осуммина повредени во сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле осум лица.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, вчера се случиле и пет сообраќајни незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција вчера казнила 11 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на пешачки премин или во зона на крстосница и четворица возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница. Казни си заработиле и осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, пет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење и четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно-воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа