Средба Џафери - Мандиќ - МО ја зацврсти соработката со РАЦВИАЦ

 

Првиот човек на одбраната Талат Џафери на денешнито состанок со директорот на Центарот за безбедност РАЦВИАЦ, Бранимир Мандиќ разговараа за можностите за зголемување на заедничките активности.

Развојот на сорботка на секое ниво е од есенцијално значење за одржување на мирот и безбедноста во светот, вредности, кои, пак, се предуслов за благосостојба и економски развој.

Регионалното поврзување преку иницијативите како РАЦВИАЦ, додал Џафери, се еден особено значаен елемент за креирање клима на доверба, почитување, пријателство и поддршка помеѓу земјите од регионот.

Амбасадорот Мандиќ го информирал министерот Џафери за активностите кои се дел од годишниот план на Центарот, со акцент на можностите за реализирање на три особено важни настани во Република Македонија, и тоа во областа на градењето интегритет и спречувањето на корупцијата, како и развојот на сајбер-безбедноста.

Центарот за безбедносна соработка – РАЦВИАЦ е основан во 2000 година како регионален центар за контрола на вооружувањето со цел да промовира мерки за градење на безбедноста и проширување на соработката во регионот на Југоисточна Европа. Имајќи го предвид опкружувањето и постојните предизвици, центарот го зголеми опсегот на активности да вклучува и голем број политичко-воени теми, меѓу кои и реформите во одбранбениот сектор, процесите за интеграција во евроатлантските структури и потребата од зголемена соработка помеѓу земјите од овој регион. 

24.02.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега