Пијани возачи хараат по скопските улици - полицијата направила „парче“ викендов

 

Скопската полиција за време на викендот спроведе зајакната контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 248 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 57 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 42 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 31 возач, кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Исто така 15 возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои 6 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 20 прекршоци за зборување на мобилен телефон.

 Потоа за непрописно престројување пред крстосница изречени се 3  прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 2 прекршоци, 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 127  прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, и со пајак возило подигнати се 137 возила.

24.02.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега