Вицепремиерот Ставрески ја поддржа кандидатурата на Ѓорѓе Иванов
Виепремирот Зоран Ставрески е само еден од високите функционери во ВМРО-ДПНЕ кој ја дал својата поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов за нов мандат, дознава Press24 од високи партиски извори. Според нашите информации, покрај СТаврески, кандидатурата на Иванов ја поддржал и пратеникот Антонио Милошоски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначлникот на Аеродром Ивица Коневски и директорот на УЈП, Горан Трајковски. Иванов за својата кандидатура веќе ја обезбедил и поддршката на градоначлниците на Охирд, Бакрачевски, Кисела Вода, Беличанец Алексиќ,Прилеп, Марјан Ристески и на Македонска Каменица, Дарко Митевски, а зад Иванов, според извори на Press24 во ВМРО-ДПМНЕ застанал и претседателот на Унијата на млади сили Владимир Неловски. Поддршка за Иванов стигнала и од докторката Весна Јаневска како и од Ашим Зекировски.
Претходно, медиумите објавија дека Иванов ја добил поддршката на повеќе доктори, спортисти и свештеници во МПЦ.
Со ваквиот развој на настаните најверојатно паѓаат во вода шпекулациите на дел од медиумите дека вицепремиерот Ставрески ќе трча во претседателската трка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа