Викендов во сообраќајниот хаос 17 лица завршиле во болница
Викендов низ скопските улици се случиле 23 сообраќајки од кои во 14 од нив 17 лица завршиле со повреди, од кои четири со потешки.
Ден пред викендот, сообраќајната полиција извршила увид на три сообраќајки, од кои во една, едно лице се здобило со телесни повреди, додека останатите две се со материјална штета.
Се случиле и четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајците извршиле уви нд 14 сообраќајки во саботата, од кои во три од нив четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а во седум од нив, биле повредени девет лица кои завршиле со лесни повреди. Останатите четири се со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се и уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден се случија шест сообраќани незгодиод кои во три полесно се повредени три лица, а останатите три сообраќајни незгоди се само со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 62 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 12 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 137 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ и ОУ „Панајот Гиновски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа