Грчките власти планираат намалување на бројот на пратениците

 

Како што објави весникот „Катимерини“ намалувањето на бројот на пратениците во грчкиот Парламент од 300 на 250 била една од темите на вчерашната средба меѓу премиерот Андонис Самарас и вицепремиерот Евангелос Венизелос.

Во весникот стои дека премиерот предлагал бројот на пратеници да се намали на 200.

Политички дебати за намалување на бројот на пратеници се присутни повеќе од десет години, но досега не е постигнат никаков договор.

23.02.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега