За два дена запленети 750 килограми марихуана во Албанија

 

Изминатите два дена албанската полиција во четири одделни заплени вкупно  750 килограми марихуана, произведена во селото Лазарат, со крајна дестинација грчкиот нарко пазар.

Во таканаречената акцијата „Пирамида“пограничната полиција кај Саранда успеа да  заплени околу 150 килограни марихуана.

Дрогата била натоварена во возило „Тојота“ со британски регистраски таблички, управувано од албански државјанин кој кога забележал дека го следи полицијата ја зголемил брзината, по што го напуштил автомобилот и побегнал.

Завчера околу 400 килограми заплени полицијата од Полицискиот комесаријат од Корча во акцијата „Штафета“ во која се уапсени и три лица.

Дрогата била откриена во куќа во Појан. Истата уапсените ја набавиле во Лазарат и ја преработувале со цел да ја транспортираат за Грција.

Во акцијата се запленети и три автомобили, девет мобилни телефони, електронска вага и 800 евра.

 

Во другите две акции спроведени во во градовите Саранда и Ѓирокастро запленети се 210 килограми марихуана. Шверцерите на марихуаната успеале да избегаат.

22.02.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега