УМС на ВМРО-ДПМНЕ со порака за зачувување на македонскиот јазик.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари, испрати порака за зачувување на македонскиот јазик.
УМС повика да се посвети посебно внимание за потребата за подигнување на свеста за почитување на македонскиот како јазик на предците, на идните поколенија и на идентитетскиот код.
- Оваа порака е до сите млади луѓе. Зачувувањето на македонскиот јазик и неговите специфичности се трајна вредност и наша заложба. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Ние треба да бидеме горди што ја имаме привилегијата да говориме на наш мајчин јазик. Нашата основна задача не е само политичка, туку и манифестирање општествена одговорност кон оние работи кои заслужуваат посебно внимание, изјави Лука Кржалоски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа