Девојка од Скопје се обиде да го надмудри Т-Мобиле - сега си има работа со полицијата

 

Кривична пријава си заработи 28 годишнатта скопјанка Е.Е. која фалсификувала документи за да може да си земе број од Т-Мобиле. 

Скопјанката била невработена, но бидејќи знаела дека за да склучи претплатнички договор со Т-Мобиле и е потребна ’Потврда за работен однос“, решила дда поднесе лажна потврда дека работи во „Мини Ефтинија“, заверена со штембил од наведеното претпријатие на 04.01. 2013 година.

-Од страна на Т-Мобиле Македонија АД Скопје до СВР-Скопје – ЕЕКК доставена е кривична пријава со прилог документација со која се потврдува дека Е.Е. на 05.01. 2013 година во продажен салон на Т-Мобиле поднела две Барања за склучување на договор за засновање на претплатнички однос за пристап и користење на јавните комуникациски услуги. Истиот ден, барањата и биле одобрени, склучени и тоа два стандардни претплатнички договори и два анекси кон истите за користење на поволности од понуда 24 со кои и било овозможено непречено користење на услугите на мобилната телефонија преку мобилната телефонија на два телефонски броја и по повластена цена и биле доделени два мобилни телефони. Е.Е., иако невработена, употребила Потврда за работен однос со невистинита содржина како еден од условите да ги склучи гореспоменатите договори кои своерачно ги потпишала, информираат ид МВР.

Во јануари 2013 година преку реализирање на месечни разговори на двата телефонски броја, Е.Е. направила сметки, кои износи заедно со износите за февруари 2013 год и разликата во повластената и редовната цена за земените телефонските апарати изнесувале вкупно 873.006 денари. Биле извршени проверки во Агенцијата за вработувањеи било утврдено дека Е.Е. не била вработена во скопската фирма „Мини Евтинија“.

21.02.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега