Самарас и Расмусен за проширувањето на НАТО

 

 

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Атина остварил средба со генералниот секретар на НАТО Расмусен, на која било споменато и проширувањето на Алијансата, пишува МИА.

По средбата, Самарас изјавил дека НАТО претствува заедница на демократски вредности како што се почитување на човековите права, владеење на правото, добрососедски односи и слобода на изразување, што во Грција е протолкувано како „индиректна порака“ до Македонија.

- Секоја нова кандидатура се оценува, постојат претпристапни фази и секоја земја мора да ги исполни критериумите поставени од страна на Алијансата, која е заедница на демократски вредности, истакнал Самарас.

Расмусен, се осврнал на ситуацијата во Украина и го осудил крвопролевањето во земјата.

-Апелирам до сите инволвирани да се запре спиралата на насилство, истакнал тој, додавајќи дека украинската Влада има одговорност армијата да не биде вклучена.

- Единствениот пат напред е преку дијалог, рекол Расмусен. 

21.02.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега