Галуп: Над 40 проценти од граѓаните имаат доверба во македонската Влада

 

Над 40 проценти од граѓаните во Македонија имаат доверба во македонската Влада, покажуваат резултатите од глобалното истражување на Галуп.

Истражувањето покажало дека повисока доверба во своите влади од земјите од поширокиот регион, имаат само граѓаните на Малта и ТУрција.

Помала доверба во владите имаат граѓаните на Србија и Албанија, околу 35 проценти, на Хрватска, околу 30 проценти. Нешто помала доверба од под 30 проценти имаат владите на Чешка, Романија и Латвија. Најмала доверба од околу 15 проценти кај своите граѓани имаат владите на Грција и на Босна и Херцеговина.

Галуп ја спровел анкетата кон крајот на 2013 година на 1.000 испитаници од цела Македонија.

Галуп е организација која се занимава со истражување на јавното мислење. Има преку 40 канцеларии во 27 држави. Седиштето а организацијата е во Вашингтон.

 

 

21.02.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега