Попоски работно во Србија

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија.

Попоски ќе се сретне со својот српски колега Иван Мркиќ,  а ќе биде примен и од претседателот и од премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ.

Според најавите од македонското МНР, на средбите ќе се дискутираат можностите за зголемување на соработката помеѓу Македонија и Србија во економијата,  образованието, културата, транспортот и земјоделство, како и за натамошен развој на соработката за прашања во интерес на двете држави и за прашањата на евроинтеграциите.

Во тек на посетата на македонскиот министер на Србија ќе биде потпишана билатерална спогодба за заемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања.

Попоски треба да оствари средби и со претставници на македонското  малцинство во Србија. 

21.02.2014 - 08:32
Фото: 
mfa.gov.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега