Изградбата на патот Миладиновци – Штип стартува утре
Изградбата на автопатот Миладинопвци - Штип ќе стартува утре. Автопатот ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.
Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.
Новата автопатска делница Миладиновци - Штип е вредна 206 милиони евра. Изведувач на проектите е кинеската компанија „Sinohydro Corporation Limited“.
20.02.2014 - 19:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа