Taчи: Ќе бидам премиер на Косово по трет пат!
Во ексклузивно интервју за Радио-телевизија Косово Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека е уверен дека ќе биде премиер по трет пат.
Тој истакна дека иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за отповикување на Владата на Косово влијаела да се оди на предвремени избори.
- Косовската Влада е стабилна, но во Парламентот има нездрави вплеткувања. Се надевам дека сите во политичкиот спектар на Косово имаат за цел координирано дејстување, а не изненадувања, рече Тачи.
Премиерот на Косово не го соопшти датумот на изборите, туку напомена дека тој ќе се одреди на заеднички состанок на сите политички партии.
Косовскиот премиер истакна дека нема непријатели во политиката и ја остави можноста за коалиција со сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа