Зоран Т. Поповски: Нема да играм епизодна улога на овие избори

Зоран Т. Поповски е еден од засега четирите потенцијални кандидати за Претседател на Македонија, кои пројавија амбиции. Иако се уште во јавноста не се познати имињата на фавотитите, Поповски, чија кандидатура ја подготвува ГРОМ, вели дека нема да игра епизодна улога на овие избори. Верува дека опцијата што тој и ГРОМ, како партија ја заговараат има можност за обединување на гласачите.

-Тоа е опција која се залага за соработка, а не конкуреност на политичките идеи, вели Зоран Т. Поповски, во интервјуто за Прес24, потенцијален кандидат за Претседалел на државата.

Иако претседателските ингеренции во македонското општетство се лимитирани во одредени свери, сепак надворешната политика, а со тоа и евроинтеграциите и прашањето за името, ќе бидат дел од предизборната реторика. Поповски и ГРОМ ја затспуваат идејата за силна заштита на идентитетот.

-Ставот за заштита на името Македонија и на идентитетот на македонските граѓани воопшто не е тврд став и мојот личен став по тоа прашање не отстапува од програмските определби на мојата партија.  Би било многу лицемерно ако е поинаку, вели за Прес24, Поповски.

Економската соработка на земјите од регионот е клучна за негова стабилизација и функционалност. Во поглед на отворените прашања со соседите, особено со Бугарија, за Поповски е сосема јана границата до каде може да се разговара.

-Најважно од се е да ги деконтаминираме главите на младите од понатамошни анимозитети и да се обидеме да се разбереме дека македонската и бугарска нација, како и јазик се две различни работи. Во спротивмо секој ќе остане закопан во своите ровови, а договорот за добрососедство ќе остане илузија, вели во интервјуто за Прес24, Зоран Т. Поповски, потенцијален кандидат ан ГРОМ за Претседател на дрѓавата.

Прес24, во следните викенди ќе се обиде на гласачите да им ги претсави ставовите на потенцијалните претседателски кандидати, за прашања за кои сметаме дека е битно граѓаните да ги знаат ставовите на оние кои претендираат за Претседателската функција.

ПРЕС24: Најавивте кандидатура за претстедателските избори. Од каде мотивот?

ПОПОВСКИ: Денес, после четврт век од отпочнувањето на демократизацијата на Македонија и интегрирањето на нашата држава во светските меѓународни односи, сведоци сме дека  влијанието  на граѓанинот врз политичкото одлучување е се уште  недовршен процес.  На ова се надоврзува политичка пракса која  заедништвото во Македонија инсистира да се гради врз партиска и национална исклучувост, а решенијата да се засниваат на напади и префрлање на вината за состојбите врз политичкиот конкурент. Во моментот , секој граѓанин е изложен на една политичка исклучивост помеѓу власта и опозицијата чии заложници се самите тие, граѓаните на Република Македонија

Воден од политичкото искуство што го имам и постигнатите резултати од активностите што ги превземав кон  крајот на 80-ите години кога изградбата на демократско општество штотуку отпочнуваше, се чувствувам должен да промовирам поинаков пристап за градење заедништво во Македонија. Тоа е опција која се залага за соработка, а не конкуреност на политичките идеи. Принцип кој ќе ја ослободи креативноста на секој граѓанин и ќе го поддржува врз основа на  неговите постигнати резултати, а не заради неговата етичка или политичка припадност.

Партијата ГРОМ, Граѓанската опција на Макеоднија, е промотор на овој нов пристап во политичкото дејствување во државата и предвесник на идната насока на демократски промени во Македонија. Почестен сум што ГРОМ ме кандидира за оваа одговорна функција, Претседател на Република Македонија, и подготвен сум да ги вложам мојата професионалната кариера, политичкото искуство и моралниот интегритет во претседателската изборна кампања.

ПРЕС24:  Досегашното искуство во претседателските избори во Македонија покажа дека за некој поголем успех е потребна поддршка од моќните политички субјекти. ГРОМ, сепак е вонпарламентарна и нова политичка партија. Што за Вас би било успех во оваа изборна трка?

ПОПОВСКИ: За ова сте делумно во право, но има и други искуства. Кандидати предлагани од група граѓани со препознатлив персоналитет успевале да освојат и по 150.000 гласови. Тоа ќе признаете не е за потценување. Очекувам тој тренд на избор на личности да има нагорна линија. Во моментот се случуваат интересни сценарија во некои европски земји. Имено, во Чешка, Словенија, Бугарија најсилна подршка добиваат центристичките партии кои покажуваат демократски капацитет да ги победат и конзервативните и левите партии кои по дефиниција управувале со овие земји. Да не ги набројувам пак земјите во кои овие партии не се доминантни, а имаат клучна улога во формирањето на владите во тие земји. Според подршката што ја има ГРОМ во јавноста, мислам дека и Македонија е на тој пат.

Околу успехот во првата изјава јасно кажав дека нема да играм епизодна улога на овие избори. Во изборната кампања успехот ќе фокусирам на три важни прашања: првото,како што поголем број на граѓани и детално да ги запознаам со новата политичка опција - ГРОМ, второто, да покажам во пракса и низ личен пример како ќе изгледа доколку граѓанскиот концепт во Македонија стане доминантен и третото прашање, да привлечам што поголем број граѓани слободно и по лична воља да го дадат својот глас за мене и граѓанската опција.

ПРЕС24:  Велите дека нема да бидете марионета на власта, ниту пак продолжена рака на опозицијата. Колку во ова македонско политичко поларизирано општество има простор за такво дејствување?

ПОПОВСКИ: Мора од некаде да се почне. Знам дека ќе биде исклучително тешко бидејќи во политиката се наметнаа ниски прагови на толеранција, кои ќе треба на долг рок да се подигнуваат. Знам дека и ризикот од евентуален неуспех постои, но во играта наречена демокартија требаат и храбри играчи, а не само статисти и тренери.

Сепак морам да истакнам дека она што ми оди во прилог е  тоа што поларизираноста е ограничена на политчките елити и партиските раководства.  Но, на ниво на граѓани поларизаноста нема поголем ефект. Среќа е што граѓаните на Македонија се свесни дека соработката и заедништвото е тоа што носи мир и просперитет . Впрочем големиот број на неопределени гласачи и оние што не излегуваат на гласање отварат простор за дејствување без да се биде зависен ниту од власта, ниту од опозицијата.

 

ПРЕС24:  Сите досегашни обиди за подолг опстој на политичката сцена на некаков трет политички субјект беа безуспешни. Која е според Вас причината што на македонската политичка сцена нема можност да се создаде здрава и стабилна политичка опција која би била подеднакво оддалечена и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ?

ПОПОВСКИ: Овде не станува збор за подеднаква оддалеченост, туку за идеологија која ќе се разликува од демохристијанството и социјалдемократијата или ако сакате помеѓу конзервативизмот и левата ориентација.  Објективно гледано во македонската политичка реалност овие работи се малку испревртени. Имено, структурата на членството и клучните политики на ВМРО-ДПМНЕ се многу поиманентни за партија со лева ориентација, додека пак овие карактеристики прават СДСМ повеќе да наликува на конзервативна партија. Во услови на таква конфузија, досега не се профилирал политички субјект во чиј фокус на дејствување ќе биде неговото височество – ГРАЃАНИНОТ.  Оддалеченоста за која ме прашувате се однесува на политичкото дејствување на овие субјекти кои во многу елементи се многу слични кога станува збор за внатрепартиската дисциплина и влијанието врз медиумите. Причината за ова е што партиите приоритет даваат на освојување на власта, а не на вистинско спроведување на партиската идеологија која би била во интерес на граѓаните.

Затоа и во однос на неможноста да се создаде здрава и стабилна политичка опција не би се согласил. Ако се осврнете на претходните обиди ќе видите дека тоа не беа политички опции, туку партии кои претендираат на власт. Вистинската политичка опција произлезена од потребите и интересите на граѓаните не мора брзо да успее, но не исчезнува. Нашиот успех  ќе зависи од успехот од овие и од следните парламентарните избори. Доколку освоиме солиден број на пратенички мандати, дотолку повеќе ќе можеме да да го спроведеме сопствениот концепт на политичко делување. Впрочем, трендовите во некои земји ни одат во прилог и покажуваат дека граѓанските партии стануваат доминантни. Нашето време доаѓа.

ПРЕС24:  Има ли моќ ГРОМ да остане надвор од левиот или од десниот блок?

ПОПОВСКИ: Не знам што се подразбира надвор од левиот и десниот блок. Ние сме и делуваме во една држава и согласно граѓанскиот концепт сакаме да соработуваме со сите политчки субјекти. Ние би биле презадоволни доколку не мораме нашите политчки заложби да ги реализираме преку конкурентски натпревар, туку со соработка и изнаоѓање заеднички решенија за важните политички прашања. Целосно ги почитуваме граѓаните од левиот или десниот блок, а веруваме дека за многу од  нив нашите определби се прифатливи.

Моќта на ГРОМ, уште од самиот почеток со убедливата победа на нашиот претседател на локалните избор во скопски Карпош, произлегува од граѓаните.  Фактот што за неколку месеци ни пристапија 20.000 членови и што оформивме над 40 општински организации покажува дека ГРОМ својата моќ ја добива од исправноста на политичките ставови и барањата на граѓаните за нејзино формирање.  

ПРЕС24:  Кои се Вашите приоритети. Зошто сакате да бидете Претстедател на Македонија?

ПОПОВСКИ: Независно што надлежностите на претседателот се релативно ограничени и покрај тоа што се избира на непосредни избори,  има домени во кои претседателот треба да има клучна улога. 

Приоритетите на внатрешен план ми се зајакнување на политичкиот дијалог, соработката меѓу граѓаните и овозможување на еднаков пристап до државните ресурси.  Во рамки на ова  бездруго е и етничката стабилност, која треба да биде во основа за мир,  економски развој и просперитет.  Мултиетничноста на ГРОМ е гаранција за успешно менаџирање на овој приоритет. Во однос на одбраната на земјата, клучен момент е подигнувањето на стандардот и опременоста на припадниците на вооружените сили на ниво на нивните колеги од полицијата. Тоа во голема мера ќе ја подигне борбената готовност на нашата армија.  Исто така нема да дозволам нарушување на индивидуалните права на граѓаните  од страна на државата и понатамошно затварање на луѓе заради политички причини. Ако има такви затвореници, ќе има и аболиции, без оглед на тоа кој е премиер во државата.

На надворешен план Евроатланските интеграции се врвен приоритет на мојата програма. Тапкањето во место, губењето на пријателите, импровизациите во дипломатскиот кадар и провокациите кон соседите мора да престанат. Без радикални промени во овој правец Македонија ќе остане изолирана на маргините на меѓународните текови. Но би сакал да истакнам дека регионалната соработка, особено со соседите, ќе ми  биде приоритет. Со нив ќе ги покренувам оние прашања за кои се согласуваме и кои можат да придонесат за просперитет на граѓаните. 

ПРЕС24:  Прашањето за името е едно од клучните прашања од надворашната политика, една од сверите каде Претседателот има ингеренции. Вашата партија ГРОМ има тврд став во поглед на ова прашање со позиција дека нема промена на уставното име. Кој е Вашиот став? Идентичен со партискиот или пак имате други позиции во поглед на ова прашње?

ПОПОВСКИ: Прашањето за името не е прашање  само на претседателот на државата, Премиерот или на политчките партии. Па дури  не е ниту прашање само за денешните генерации македонци. Тоа е прашање на многу генерации, кои продонесувале за она што го имаме денес.

Затоа ставот за заштита на името Македонија и на идентитетот на македонските граѓани воопшто не е тврд став и мојот личен став по тоа прашање не отстапува од програмските определби на мојата партија.  Би било многу лицемерно ако е поинаку.

ПРЕС24:  Поради прашањето за името веќе неколку години стојат заглавени македонските евро-атлански интеграции. Имате ли идеја како да се деблокира патот кон Брисел?

ПОПОВСКИ: Идејата да го менуваме името не дојде од нас, никој не не праша за неа, туку ни ја наметнаа и не блокираа на патот кон НАТО и ЕУ. Зошто сметате дека некој би разгледувал некоја  наша идеја, поинаква од нивната.   

Сепак семтам дека искрен соседски дијалог помеѓу професионални дипломати без провокации, проширување на економската соработка и маргинализирање на историјата би можеле да бидат рецепт за успех. Во моментот влегувањето во НАТО треба да е приоритет без одложување, додека отпочнувањето на преговорите со ЕУ би можело да се очекува понатаму.

ПРЕС24:  Кои се Вашите позиции во поглед на разговорите со Бугарија. Дали Македонија треба да потпише договор за добрососедство?

ПОПОВСКИ: Ситуацијата со Бугарија навидум делува понаивно, ама очигледно и таа се одологовлекува. Најважно од се е да ги деконтаминираме главите на младите од понатамошни анимозитети и да се обидеме да се разбереме дека македонската и бугарска нација, како и јазик се две различни работи. Во спротивмо секој ќе остане закопан во своите ровови, а договорот за добрососедство ќе остане илузија. 

ПРЕС24:  Што е оно што не може да биде предмет на договорање меѓу Македонија и Бугарија?

ПОПОВСКИ: Веќе реков дека македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонската нација не е никаква поднација на бугарската. Но, мој впечаток дека не се работи за толку големи разлики во ставовите. Во прашање се нијанси околу некои историски настани, а историјата се повеќе ќе треба да и отстапува место на иднината.

ПРЕС24:  Кои се Вашите ставови во поглед на регионалната соработка. Белград, Софија, Тирана, Атина, Приштина. Со некои од овие држави имаме отворени прашања, некаде подобра политичка соработка, некаде подобра економска. Кон што е вашиот фокус, што е приоритетно за македонските интерси?

ПОПОВСКИ: Во прв план треба да е економската соработка. Во последните анализи на Светска банка се наведува дека на светско ниво над 60% од трговската размена земјите ја прават со земјите од регионот. Таков е случајот и со Република Македонија. Сите други отворени прашања се работи кои полесно би се решавале во услови на економска благосостојба. Се надевам дека многу брзо соседите ќе сфатат дека негирање на име, јазик и црква на соседна држава е ќорсокак за понатамошен соживот и соработка.

ПРЕС24:  Како ја оценувате досегашната македонска надворешна политика? Дали и што Вие би промениле во нејзиното функционирање?

ПОПОВСКИ: Таму имаше премногу импровизации, згрижувања на партиски воглавно неискусни кадри и нерационално трошење на јавни пари, особено во делот на економските промотори. Сето тоа треба да стане минато. Со професионална дипломатија многу полесно се водат битките на меѓународен план. Неколку пати почувствував како член на научниот комитет на НАТО и како ко-претседавач на Поткомитетот за човечки ресурси, технологија, култура, аудиовизуелна политика, телекомуникации и заштита при работа како дел од Комитетот за стабилизација и асоцијација дека овие работи се сурова реалност во нашата меѓународна политика.

ПРЕС24:  Мислите ли дека овие претседателски избори ќе завршат со избор на Претседател, ако се земат в предвид заканите на албанските партии за можен бојкот доколку не се прифати идејата за консензуален претседател?

ПОПОВСКИ: Би било срамота за земјата ако таа нема капацитет на редовни избори да си го избере својот претседател. Таа повторно би била заложник на политички игри помеѓу владеачките партии кои само навидум функционираат. Би било идеално кога претседателот на државата би го бирале неопределените гласачи, ама тоа е само фикција.

ПРЕС24:  Што мислите Вие за идејата за консензуален претседател?

ПОПОВСКИ: Консензуален кандидат треба да препознаат граѓаните од поширока понуда на повеќе кандидати кои преку своите преставувања ќе ги убедат граѓаните дека тие ќе ги штитат нивните интереси независно од нивната различност во секој поглед. Во спротивно, консензуален кандидат за претседател е само фарса преку кој повторно ќе се концесионираат интересите на партиите во владеачката коалиција.

ПРЕС24:  Господине Поповски, како го оценувате вршењето на претстедателската функција на досегашните Претстедатели, Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов?

ПОПОВСКИ: Независна Македонија имеше среќа за прв претседател да избере мудар и искусен политичар со огромно влијание врз политиката во поранешната држава. Улогата на Киро Глигоров во втемелувањето на македонската држава без испукан куршум и капка крв во време кога низ просторите на поранешна Југославија крваво се војуваше е круцијална. Вториот претседател г-нот Борис Трајковски мислам дека ги надмина очекувањата на јавноста, особено со неговата клучна улога во запирањето на конфликтот во 2001 година и потпишувањето на Рамковниот договор. Третиот претседател на Република Македонија г-нот Бранко Црвенковски заради кохабитацијата не беше во состојба сериозно да влијае врз политичката ситуација во земјата, но сепак достоинствено го помина својот мандат. Актуелниот пак претсдател г-нот Ѓорѓе Иванов некако се зароби во своите историски тези, а ќе остане запаметен и по неколку гафови кои не би требало да му се случуваат на претседател на една држава.

ПРЕС24:  Колку Функцијата Претстедател на Македонија досега ја оправда улогата што уставно ја има во државата?

ПОПОВСКИ: Факт е дека претседателот на државата има ограничени надлежности кои не кореспондираат со негов избор на непосредни избори.  Од друга страна ако претседателот се бира во парламентот тогаш граѓаните немаат никаква шанса да се заштитат од апсолутна власт, која и да е таа. Дури и таму каде што има надлежности во одбраната, меѓународната политика, безбедноста, судството, тоа се надлежности повеќе во персонална смисла, а не во нивната суштина. Пенкалото и потписот на законите би можеле да бидат важни инструменти во ваков комбиниран систем каков што го има Македонија, но кај нас тоа за жал ретко се случува.

ПРЕС24:  Со заговарањето на ДУИ за консензуален претседател се отвора една опција за промена на изборниот модел, односно од непосредни избори, Претседателот на државата да се бира во Парламентот. Кој е Вашиот став околу евентуалната ваква промена на Уставот?

ПОПОВСКИ: Со оглед на моменталните надлежности на претседателот, тоа би можело да се очекува. Но, мојот став е дека татко на нацијата кој би бил своевиден коректив на власта би требал и понатаму да се бира на непосредни избори

16.02.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега