Домаќинка останала шокирана кога ја отворила рерната - еве зошто

 

Жена од Славонски Брод доживеала вистински шок кога од шпоретот и излегла змија.

Се работи за 77- годишната Ката Шулц која откако ја отворила рерната за да го стави ручекот да се пече, забележала змија која била во внатрешноста. 

-Вреснав, а змијата само ја крена главата, ме погледна и почна да шушка. Бев преплашена и веднаш ја затворив рерната, раскажува збунетата жена која не знае како змијата се нашла во рерната.

Таа ги повикала соседите, но кога дошле, вели дека им видела страв во очите. 

- Не знаев што да правам, од страв нозете ми беа отсечени. Прво што ми падна на ум е дека дошла од подрумот, каде пред неколку дена влезе вода, вели таа.

Се јавила во службата 112, а тие ја упатиле кај пожарникарите. Оттаму пак и рекле дека немаат стручно лице за да ја фати змијата, па ја упатиле кај обичен ловец на змии, Дарко Карамазан. Тој дошол, но кога ја отворил рерната, змијата не била таму. По некое време пребарување низ куќата, Дарко ја нашол змијата во мијалникот и ја однел во природата.

15.02.2014 - 14:31
Фото: 
кикурику.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега