Во Србија се одбележува Денот на државноста
Со низа манифестации, во спомен на подигањето на Првото српско востание и донесувањето на Сретенскиот устав Србија денес го одбележува Денот на државноста.
Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе положи венец на Гробот на незнајниот јунак на Авала, а потоа ќе врачи ордени на заслужни познати личности и институции, додека премиерот Ивица Дачиќ ќе положи венец во Црквата Свети Ѓорѓија на Опленец.
Прославата на Денот на државноста почна вчера со почесна артилериска стрелба со десет плотуни од шест артилериски орудија од Савската тераса на белградската тврдина, со отворање на изложба во Народната библиотека на Србија, како и со изложбата „Првата светска војна во документи на Архивите на Србија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа