Полицијата демне пајакот прави парче - еве што се случувало вчера во Скопје
Полицијата и понатаму секојдневно демне, а пајакот прави парче на скопските улици. Во текот на изминатото деноноќие, со специјалното возило пајак биле отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во текот на вчерашниот ден се случиле десет сообраќајни незгоди во кои имало седум повреди лица. Сообраќајната полиција вчера казнила 10 пешаци кои преминале вон обележан пешачки премин, пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.
За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа