Ве привлекуваат ли тетовирани девојки?
Во минатото тетовирањето било дел од некои племенски ритуали. Подоцна, најпрво мажите почнале да тетовираат симболи и датуми кои им значат, најчесто оние кои биле во воена служба но во денешно време некако тетовирањето премина во тренд па речиси сите имаат по една тетоважа која им им означува дел од животот.
Освен кај мажите овој тренд се прошири и кај девојките па се повеќе сме сведоци на млади девојки истетовирани на најразлични делови од телото.
Најчесто тоа се зглобовите од рацете и нозете, долниот дел на грбот, рамото и вратот.
Некои девојки се многу похрабри, па ја тетовираат целата рака, дел од стомакот или грбот.
Сето тоа стана голем тренд кој некои го прават само за да бидат дел од модата, но некои го прават затоа што навистина сакаат да забележат некои значајни работи во нивниот живот кои ќе ги обележат на својата кожа.
Што мислите вие? Ве привлекуваат ли девојки со тетоважи или пак сметате дека девојките не би требало да го шараат своето тело?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа