Дознајте дали жените лажат за своите чувства?
Многумина луѓе знаат да изјават љубов на својот партнер, но дали е искрено или не ќе ви покаже едно британско истражување каде тврди дека една третина од жените му велат на партнерот дека го сакаат но тоа не е вистина. Причината е што дамите се чувствуваат притиснати од признанијата на партнерите и не сакаат да им ги повредат чувствата. Една петтина од мажите го признава истото.
Друг дел од дамите велат “те сакам”, бидејќи сметаат дека во интимна ситуација тоа е најточна реплика, но не и затоа што тоа го чувствуваат, покажуваат резултатите од истражувањето во кое учествуваат 1800 парови.
Додека дамите се многу повеќе склони да излажат во однос на чувствата, кај посилниот пол признанието за љубов речиси секогаш доаѓа прво. Да кажеш прв “те сакам” оди рака под рака не само со романтика и храброст, туку и со елемент на ризик и одредена доза срам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа