Никогаш не срамете се од својата мајка - приказна која нема да ве остави рамнодушни

 

Приказна која нема да ве остави рамнодушни и која вреди да се прочита. 

 Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев… Беше срамота за мене. Во нашето школо се  подготвуваше храна за учителите и за нас. Еден ден додека уште бев во тоа основно школо, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак… твојата мајка има само едно око!

Пропаднав во земја и посакав мојата мајка да ја нема… Кога повторно ја видов станав и и реков: -Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш. Мајка ми ништо не ми одговори… Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

На факултет учев многу и бев одличен студент. Така добив шанса да одам во Сингапур и да студирам… Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот со своите деца, иако живеев во друга земја.

Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети… Ме немаше видено многу години, а и внуците исто така. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и викам како може само така да се појавува непоканета. Се дерев: -Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се од тука и да не те гледам!

Мојата мајка само тивко одговори:„Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина…

После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа… Од тогаш мојот живот сосема се промени.

„Мил мој сине

Мислев на тебе цело време.
Прости ми што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго да знам дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот за да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев товар.

Знаеш… кога беше мал, ти се случи една несреќа и го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледаа и ми рекоа дека има само еден спас.
Тогаш јас ти го дадов моето око…
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син го гледа светот со тоа око…

Со љубов,
Твојата мајка

Извор: Денешен 

11.02.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега