Министерот за безбедност на БиХ не бил известен за демонстрациите
Фахрудин Радончиќ актуелниот министер за безбедност на Федерацијата Босна и Херцеговина тврди дека за време на демонстрациите во повеќе градови во Федерацијата, не располагал со ниту една релевантна информација.
„Дури и овие денови во многу драматични случувања не добивам ниту еден оперативен податок, од било која наша агенција за спроведување на законите, полицијата или разузваначките служби, ниту тие по законот се задолжени“, прецизира тој.
Федерацијата веќе неколку дена ја тресат демонстрации преку кои граѓаните го изразуваат своето незадоволство поради условите во кои што живеат.
11.02.2014 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа