Дачиќ: Ќе преговараме, но никогаш нема да го признаеме Косово

 

Српскиот премиер Ивица Дачиќ рече дека земјата е подготвена за дијалог, но никогаш нема да биде подготвена за признавање на Косово. Ова Дачиќ го изјавил пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

„Ги предупредуваме властите во Приштина да не ја сметаат за наша слабост подготвеноста за дијалог и да не ја користат оваа ситуација за афирмација на независноста“, рекол уште Дачиќ за време на дебатите за ситуацијата во Косово.

Дачич  истакна дека ќе се почитува договорот од Брисел од минатата година, што го одбележа почетокот на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. 

 Според него, ако нема доверба нема да има и услови за каков и да е договор.

11.02.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега