Убиен Македонец во Австралија - го застрелал најдобриот другар?

 

Македонецот Сашо Филковски и Ванеса Фарчиќ вчера попладне биле пронајдени мртви во населбата Гиравејн во Перт Австралија. Телата на починатите биле пронајдени во две куќи на растојание помало од 100-тина метри.  Според досегашните информации, осомничен за двојното убиство е сопругот на Ванеса и другарот на Филковски, Никола Стоески.

Стоески и Фарчиќ биле примерно и дружељубиво семејство. Филковски бил тренер, сметководител и ИТ-консултант кој стопанисувал спортска сала во Гиравејн. Неговите познаници велат дека и тој бил примерен грашанин. 

Осомничениот Стоески денеска ќе биде изведен пред истражен судија.

најчитано сега