Лајчак: Народот во Босна испрати сериозен сигнал до лидерите
Ситуацијата во Босна и протестите што во оваа земја се случуваат последните денови, ќе се најде на денешната агенда на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија на нивниот состанок во Брисел.
Шефот на дипломатијата на Словачка, Мирослав Лајчак, посочи дека е добро што денеска е мирно во Босна, но дека постои тензија и Унијата треба да одговори на тоа.
- Се покажува дека трпението на граѓаните на Босна и Херцеговина има граници. Нема позитивна агенда во земјата, не се случуваат позитивни работи и луѓето ја поставија својата агенда. Луѓето испратија сериозен сигнал до политичките лидери во БиХ дека тие имаат демократски мандат помалку да се занимаваат со своите игри, а повеќе со социо-економските прашања на земјата. Тоа е сигнал и за нас, за европската Унија, да погледнеме пошироко на ситуацијата во земјата - посочи Лајчак пред состанокот на министрите за надворешни рбаоти на ЕУ.
Словачкиот министер одби да ја коментира најавата на специјалниот претставник на Унијата во БиХ, Валентин Инцко, кој дојде на местото на Лајчак на оваа позиција, во однос на најавата дека ЕУ може да испрати воени трупи со цел спречување на ескалација на настаните во поранешната југословенска република.
- Иако сега е мирно во Босна, јас сум загрижен оти сепак се уште постои тензија. Изјавите на Инцко не би сакал да ги коментиран, но сигурно е дека денеска со моите колеги од другите земји-членки на Униајта ќе разговараме за случувањата во земјата и очекувам по денешниот состанок, ЕУ да испрати јасна порака за БиХ - посочи Лајчак.
Во исто време, хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ, посочи дека на нивно барање, Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, на состанокот на министрите ќе го стави на маса и прашањето за Босна и Хрцеговина. Според шефицата на дипломатијата на Хрватска, ставот на оваа земја што е прв ЕУ-сосед на Босанците е дека “за БиХ треба да се смисли специфичен модел за приближување до Унијата кој би вклучувал почеток на процесот кој не мора да се нарекува скрининг, но да е нешто такво”.
- Важно е процесот да започне и внатре во тој предпроцес да се решаваат специфичните теми. Необично важно е случувањата во БиХ да не добијат било-каков национален предзнак. Важно е сите политичари и луѓе во оваа зема што чувствуваат некаква одговорност, да не одат во тој правец. Ако постои нешто што граѓаните на БиХ, без оглед на етникумот на кој му припаѓаат, поддржуваат без поговор, тоа е патот на земјата кон евроинтеграциите - посочи Пусиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа