Ја ограбиле зградата на Премиерот
Непознати крадци минатата недела украле 4 метри олук од зградата на Дедиње во која живее српскиот премиер Ивица Дачиќ, јавува српски Курир. За да биде поинтересно, како што пишува весникот, се се случувало на само неколку метри од местото каде што редовно дежура неговото обезбедување.
Според информациите кои весникот ги добил од соседите на Дачиќ, олукот најверојатно е украден на почетокот на минатата недела. соседите велат дека вештиот крадец најверојатно го иситнил на помали парчиња и го ставил во возило кое било паркирано во близина.
Олукот бил бакарен што значи дека има добра цена на отпадите за старо железо. Соседите велат дека станува збор за околу 50 килограми тежок бакар, кој на отпадите се продава за околу 250 евра
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа