Мркиќ: Грчко-македонскиот спор за името е чуден проблем

 

Шефот на српската дипломатија, Иван Мркиќ, во интервју за грчкиот весник „Кастимерини“, изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција е навистина чуден проблем на кој треба што побрзо да му се стави крај.

Како што јавува МИА, Мркиќ вели дека тој навистина би сакал да се реши ова прашање и изразува надеж оти со помош на ЕУ ќе се најде решение: - Ние не учествуваме и не сме вклучени во процесот и се чувствуваме пријателски со двете страни.  Но, искрено, ние би сакале да се реши ова прашање. Постојат значајни трговски односи со оваа земја и илјадници нејзини граѓани ја посетуваат Грција, така што решавањето ќе биде добро за сите, вели тој.

Мркиќ во Атина беше дел од конференција посветена на „Јадранската стратегија“.

 

10.02.2014 - 09:26
Фото: 
портал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега