Грција: Запалена наплатна рампа поради зголемување на патарината
Како што соопшти полицијата ,500 возачи запалија наплатна рампа поради најавеното зголемување на магистралните такси.
Изреволтираните возачите запалија автомобилски гуми и скандираа антивладини пароли покрај наплатното место во правец Атина-Ламија.
Новите такси на магистралните патишта предизвикааа бурна реакција кај Грците.
Според новата мерка, на пример, цената на двонасочното минување низ автопатот меѓу Атина и Солун се зголеми од 44,30 на 56 евра.
10.02.2014 - 09:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа