"Црн" викенд за Албанија- во две сообраќајни несреќи загинаа 11 лица
Единаесет лица загинаа, а девет се повредени, од кои двајца се уште се наоѓаат во критична состојба, во две сообраќајни несреќи што вчера се случија во Албанија, јавува дописникот на МИА од Тирана.
Првата несреќа се случила во северниот дел на земјата, на патниот правец Шиштавец-Кукс, откако комби возило во кое имало единаесет патници излетало од патот и завршило во бездна длабока повеќе од 100 метри.
Во сообраќајката на самото место загинале шест лица, меѓу нив и една бремена жена. Останатите седуммина се тешко повредени, од кои двајца се уште се во критична состојба во Воената болница во Тирана.
Втората сообраќајна несреќа се случила во јужниот дел на Албанија, доцна попладнето на патниот првец Саранда-Кониспол. Во судир на две возила, „Рено“ и „Алфа ромео“ животот го загубиле пет лица, додека две се потешко повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа