Поднесе оставка ректорот на универзитетот во Приштина
Ибрахим Гаши, ректорот на Универзитетот во Приштина поднесе оставка по судирите меѓу полицијата и студентите, кои протестираа обвинувајќи го дека заедно со останатите вработени ја злоупотребуваат оваа образовна институција.
Демонстрантите, главно студенти, го обвинуваат ректорот на Универзитетот и останатите вработени дека ги објавувале нивните истражувачки трудови во странски списанија.
Нови протести на студентите се најавени за следната недела.
09.02.2014 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа