Вистински херој- Косовец спасил дете од давење

 

Хекуран Красниќи од Косово е херој на денот во германскиот град Баден Витенберг, откако му го спасил животот на едно дете, кое за малку ќе се удавело.

Без никакво двоумење триесет и осум годишниот Красниќи се фрлил во половина замрзнатото езеро за да му го спаси животот на детето.

Германските медиуми пишуваат дека несреќата се случила кога тригодишното дете си играло на езерото, кое половина било замрзнато кога во еден момент  дел од мразот се скршил и тоа паднало во езерската вода. Ниту еден од многуте насобрани луѓе немал храброст да се фрли и да го спаси детето, единствено Хекуран Красниќи имал смелост да изреагира во тие драматични мигови.

“ Никој не сакаше да влезе, сите ги чекаа пожарникарите кои беа повикани за помош. Мајката на детето вознемирена стоеше покрај брегот и постојано викаше некој да помогне. Не можев а да не интервенирам” и додава дека е пресреќен поради тоа што го спасил детето бидејќи и самиот има две деца и како што вели тоа е голема тага мајката на детето  гледајќи го синчето во замрзнатото езеро како се дави.

09.02.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега