На што највеќе се палат мажите

 

Станува збор за интересни сексуални фантазии, но во принцип поврзани со бројките, а за што станува збор прочитајте во продолжение.

Пет бивши дечковци

Пет е бројката на бившите мажи што може да ја толерира вашиот дечко. Тие сфаќаат дека вие не сте „чесна сестра“ и дека сте имале минато, но ако тоа минато опфаќа повеќе од пет фраери, тогаш е најдобро да си молчите за тоа бидејќи тоа што не го знае не може ни да го повреди.

Тројка

Овој број не е фантазијата за секс во тројка, туку за големината на вашите гради. Во прашање е големината за која мажите мислат дека е совршена. Но ако вие ја немате таа големина на градите тогаш не се вознемирувајте затоа што вкусовите се разликуваат, а и мажите секако се воодушевени од градите без разлика на големината.

Шеснаесет години

Иако мажите немаат ништо против тоа да бидат со помлада или постара жена, сепак разликата од 16 години некако им изгледа привлечно и прифатливо, било да се рабти за 16 години помлада или 16 години постара жена од нив. Тоа изгледа прифатливо, но сепак жената да биде над 20 години, нели?

Два состаноци

Два состаноци се доволни пред да влезете во креветот на мажот. Ако завршите во кревет веднаш на првиот состанок за вас ќе помисли дека сте со сомнителен морал, а ако одложувате премногу, тогаш ќе помисли дека со него нешто не е во ред. Но ако после два состаноци легнете со него тогаш сте добар материјал за сериозна врска.

08.02.2014 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега