Груевски: Скопската железница комплетно ќе се реновира
Во завршна фаза се подготовките за реконструкција на скопската железница, информираше денеска премиерот Никола Груевски на отворањето на понеќенаменското игралиште во скопската општина Бутел.
Кон крајот на март годинава треба да стартува темелната реконструција на скопската железница. Откако е изградена железницата, нема претрпено никакви интервенции.
Македонската Влада за реконструкција на железницата одвои 2,6 милиони евра. Железницата ќе добие нови тоалети, пристапи за инвалидни лица и чекални.
08.02.2014 - 15:11
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа