Пламенот проголта вредни документи од архивот на БиХ

 

По вчерашниот инцидент во БиХ каде беше запалена зградата на кантоналната Влада, но и зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина штетата е огромна.

Пламенот проголта некои од највредните документи кои биле зачувани дури и во времето на војните во Сараево.

„Штетата е непроценлива! Тој архивски материјал кој не настрада во три војни – ниту во Првата, ниту во Втората светска војна, па ниту во оваа последната, изгоре еве денеска. Единствено што можам да кажам е дека ова е една огромна културна срамота!“, изјави директорот на Архивот Шабан Захировиќ.

Во пожарот целосно изгорело едно депо од Архивот, каде што се чувале документи со огромна историска вредност, микрофилмови, копии од Архивот во Виена, документацијата на Комисијата за утврдување на воени злосторства во Втората светска војна и многу други важни материјали.

08.02.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега