Уапсен е претседателот на Унијата на независни синдикати на БиХ
Јосип Милиќ, претседателот на Унијата на независни синдикати на Федерацијата БиХ, уапсен е синоќа по насилните протести во Мостар во кои беа уништени и запалени седишта на градски и жупаниски институции како и седишта на политички партии.
Во соопштение од Унијата кои тврдат дека не биле организатори на протестите се претпоставува дека Милиќ е уапсен заради вчерашните протести во Мостар.
Демонстрантите во Тузла откако премиерот на локалната Влада Сеад Чаушевиќ поднесе оставка, им пружија рака на полицајците и прекинаа немири и каменување згради на институции на власта, јавуваат босански медиуми.
Незадоволството и бесот се причина за насилното однесување, се вели во прогласот на работниците и граѓаните на Тузла по насилните протести. Се истакнува дека односот на власта предизвикал „незадоволството и бесот да ескалираат“.
- Сега во новата ситуација се насочуваме кон изградба на продуктивен и корисен систем на власт, се вели во соопштение што го пренесуваат босанските медиуми.
Во Тузла се креира нова иднина. Владата поднесе оставка со што е остварено првото барање на демонстрантите и стекнати се услови за решавање на постоечките проблеми, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа