Се основа нов суд за злосторства на Косово во периодот 1998-2000 година

 

ЕУ заедно со неколку држави членки подготвила нацрт на статут за нов трибунал кој ќе биде лоциран надвор од Косово со цел судење по обвинувања за злосторства извршени во Косово во периодот 1998-2000 година опишани во извештајот на известителот на СЕ Дик Марти.

За да се обезбеди независност, брзо и праведно процесуирање, но и заради безбедносни ризици седиштето на судот ќе биде вон Косово и косовскиот судски систем.

Новиот трибунал, според копијата во која имал увид весникот, се формира на барање на Владата. За да профункционира мора да добие согласност од две третини пратеници.

Ќе биде надлежен за случаи на злосторства во периодот 1998-2000 година, а врз основа на извештајот на Марти. Тој во извештајот изнесе обвинувања против поранешни шефови во ОВК меѓу кои и актуелниот косовски премиер Хашим Тачи за трговија на органи на Косово, а се споменуваат и трговија со дрога, оружје, цигари како и киднапирања и убиства, јави Танјуг.

08.02.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега