Поради нафта штетна по здравјето на учениците затворени сите училишта во Приштина

 

Градоначалникот на Приштина синоќа донесе одлука да се прекине наставата во сите основни и средни училилшта во градот поради сомневање дека нафтата што се користи за затоплување на објектите е опасна по здравјето.

Наставата ќе биде прекината се додека не се добијат резултати од анализа на енергенсот.

Шпенд Ахмети на пресконференцијата изјави дека според анализи во нафтата има сулфур за 600 пати повеќе од дозволеното со уредби на Владата на Косово.

Националниот институт за јавно здравје ќе направи дополнителна анализа. Овие наводите беа оквалификувани како невистина од страна на официјални лица од Министерството за трговија и индустрија.

08.02.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега