Најавени нови протести низ повеќе градови во БиХ

 

Полициски сили вчера со употреба на солзавец успеаа да ги растераат демонстранти пред зградата на Владата на Тузланскиот кантон.

За денеска се најавени нови протести во голем број градови во Босна и Херцеговина.

Во тој кантон денеска нема да се одржува настава во основните и средни училишта, и одложени се испитите на Универзитетот во Тузла.

Протестите почнаа во средата со учество на незадоволни работници од пропаднати приватизирани компании, невработени млади лица и членови на боречки организации.

За време на протестите уапсени се 27 луѓе а 24 од нив се пуштени на слобода. На работниците од пропаднати фирми и незадоволни граѓани кои им се придружија, поддршка им дадоа и демонстранти во Сараево, Бихаќ, Зеница, Какањ, Приедор и други градови. 

07.02.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега