Клубот “Олимпијакос“ ќе обезбеди средства за реконструкција на оштетените училиштата во Кефалонија
Фудбалскиот клуб “Олимпијакос“ кој е првак на Грција, денеска соопшти дека ќе обезбеди средства за реконструкција на училиштата оштетени од земјотресот минатата недела на грчкиот остров Кефалонија.
Земјотресот предизвика големи материјални штети на островот. Оштетени се многу куќи и јавни згради вклучувајќи ги и училиштата, кои се затворени.
Се проценува дека трошоците за обнова на училиштата во Кефалонија изнесуваат 500.000 евра, а целокупната сума ќе ја покрие „Олимпијакос“.
07.02.2014 - 09:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа