Два нови земјотреси повторно ги потресоа островите Кефалонија и Закинтос
Два нови земјотреси повторно го погодија поширокиот регион на пристанишниот град Ликсури синоќа и предизвикаа паника кај жителите на грчките острови Кефалонија и Закинтос.
Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри, a tри часа по полноќ бил регистриран и земјотрес со интензитет од 4,2 степени покрај заливот на градот Патра, на Полуостровот Пелопонез. Епицентарот се наоѓал на 12 километри југозападно од градот Нафпактос во морето во областа Рио-Андирио.
Се уште нема информации за настрадани или причинета материјална штета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа