Албански државјани уапсени во Кина поради трговија со дрога и луѓе

 

Четворица албански државјани, кои биле дел од меѓународна мрежа на трговци со дрога и луѓе денеска биле уапсени од страна на кинеската полиција.

Тие биле уаспени во градот Џинхуа заедно со уште 30 Нигеријци, со кои  соработувале.

Оваа меѓународна шверцерска група била следена неколку години, а во акцијата биле вклучени и италијанската и тогоанската полиција.

Албанците преку илегални патишта во Кина транспортирале марихуана, главно од албанско производство, а на враќање од Кина шверцувале луѓе во Италија. Кинезите плаќале голема сума пари за да стигнат на европско тло.

Според кинеската полиција, еден од Албанците создал и мрежа на проституција  во Џинхуа нудејќи им на Кинезите „русокоси девојки“. 

06.02.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега