Протести повторно ја тресат Грција
Во знак на протест против владините планови за промени во секторот за примарна здравствена заштита лекарите, медицинските сестри и стоматолозите од државните болници во Грција, како и вработените во Националната организација за здравство (ЕОПУУ), денеска ги напуштија работните места.
Демонстрантите тврдат дека реформите ќе го уништат грчкиот здравствен сектор и ќе доведат до „огромни потешкотии за пациентите“.
Со оглед на тоа што пратениците на владејачката коалиција веќе соопштија дека ќе гласаат за него, се очекува законот за промени во примарна здравствена заштита да помине без проблеми со Парламентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа