Пожар го проголта горниот кат од конфекцијата „Колор Д“

Пожар го проголта горниот кат од конфекцијата „Колор Д“ од Кочани.

Според информациите од кочанската противпожарна единица, пожарот избувнал утрово околу 8 часот и 40 минути, додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици на „Колор Д“, која е сместена во зградата на компанијата „Тигар метал“.

- По дојавата на пожар пристигнавме со две возила од Кочани и едно од Виница со десетмина пожарникари.За еден час го локализиравме пожарот во кој целосно е изгорен горниот кат на конфекцијата, 56 машини и два тони конфекциски материјал, како и над 2.000 парчиња готови конфекциски единици кои денес требало да бидат наменети за извоз, вели командирот на кочанската територијална противпожарна единица, Дени Арсов во изјава која ја пренесува МИА.

Зградата во која избувна пожарот е осигуран во осигурителна компанија, но, конфекцијата која настрадала во денешниот пожар не била осигурана.

 

06.02.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега